СП 2017: Нови седум натпревари на ракометниот Мундијал

На Светското првенство во Ракомет денеска се играат седум натпревари, по кои во дел од групите ќе биде комплетирано третото коло.

Македонија за противник ја има селекцијата на Словенија и победникот од дуелот ќе обезбеди осминафинале.

Распоред на натпреварите за 16 јануари:

Македонија – Словенија (17:45 часот), Шпанија – Ангола 20:45 ч. (Б група);

Полска – Русија 20:45 ч. (А група);

Унгарија – Чиле 17:45 ч., Хрватска – Белорусија 20:45 ч. (Ц група);

Египет – Бахреин 17:45 ч. и Данска – Шведска 20:45 ч. (Д група).