Изгледот им е важен на мажите, но, не и пресуден кога станува збор за вистинска љубов.
Дали знаете какви квалитети бараат мажите кога се во потрага по љубовта на нивниот живот?

Искрена љубезност

Не само кон него, туку и кон другите луѓе. Искрената љубезност е квалитет на кој никој не може да оддoлее.

Приземност

Мажите сакаат жени кои не мислат дека се над другите и кои стојат цврсто на земја со двете нозе и имаат почит кон другите луѓе.

Грижливост

На мажите им се допаѓа кога жената покажува интерес за нивните проблеми и сомнежи и кога жената е загрижена за нив. Сакаат кога жената се грижи за нив кога се болни, затоа што како што знаеме сите дури и кога имаат мала настинка, тие мислат дека е крај на светот.

Смисла за хумор

Во вистинскиот момент треба да се биде сериозен, но секогаш треба да има време и за смеење. Веселата и позитивна жена која има смисла за хумор секогаш ќе го добива нивното внимание.

Одлучност

Од една страна, мажите се плашат од жена со самодоверба, но од друга страна сакаат нивната партнерка да биде одлучна. Тоа однесување укажува на зрелост и способност за преземање иницијативи во моментите кога тоа е потребно.

Независност

Жената мора да има свој живот. Во моментот кога целиот нејзин живот се врти околу партнерот, таа без никаква потреба се занемарува самата себе. Затоа жените мораат секогаш да бидат независни.

Емоционална интелигенција

Способноста да се изразат и контролираат сопствените чувства и правилно и правовремено реагирање на туѓите чувства се некои од знаците на емоционалната интелигенција која мажите многу ја ценат.

Преданост

Како и жените и мажите ја сакаат преданоста. Чувството дека можат да ви веруваат и да ви се доверуваат не може да се мери со ништо.