Новогодишните празници донесоа многу мрсна храна, но и таложење на килограмите. Освен тоа, овој период донесе и многу настинки. Затоа, ви препорачува топол оброк кој ќе го зачува вашето здравје во студените, зимски денови.
Потребни состојки:
½ шолја хељда
1 излупена мандарина
1 лажица ленено семе
2 лажици чиа семе
¼ лажица цимет
¾ шолја бадемово млеко
1 урма
Начин на подготовка:
Потопете ја хељдата во текот на ноќта, а наутро исцедете ја и измијте ја. Додадете ги сите состојки во блендер и блендирајте околу 30 секунди. Штом ја ставите во сад, додајте мед/кокосово масло/путер од кикирики или бадеми.