Советот на општина Аеродром донесе одлука за распишување референдум околу прашањето за населување на миграни

Советот на Општина Аеродром на денешната, 73-та седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, која за жал не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ, информираат од општината.

Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.

Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да спроведе план за населување на мигранти на територијата на Општина Аеродром .

Општината ги повикува граѓаните масовно да го поддржат овој референдум, со цел да се стави точка на прашањето со мигранти во нашата општина!