Советот на една бабичка кога открила дека нејзината внука била изневерена

Постојат моменти во животот кога човек само сака да се склопчи и да плаче. Се чувствуваш скршено и мислиш дека немаш сила да продолжиш понатаму. Можеби вашите партнери ве изневериле или сте биле отпуштени од работа. Се е ужасно лошо и не гледате како и дали ќе биде подобро.

Оваа едноставна приказна може да ви помогне. Го покажува најдобриот начин како да се справите со непријатности и како да ги претвориме сите разочарувања и лоши работи во материјал од кој ќе создадеме подобри верзии на себе.

Една млада жена ја посетила нејзината баба и почнала да и збори за тоа колку и бил тежок животот.  Таа открила дека нејзиниот сопруг ја изневерувал.

Жената и рекла: „Бабо, се откажувам. Не сум доволно силна за да се борам. Се чини дека се оди во лоша насока и во моментот кога еден проблем ќе се реши, се појавува нов и тоа 10 пати полош. Жими се, готово, не можам веќе.“

Нејзината баба ја погледнала, ѝ ги избришала солзите и ја однела во кујната. Таму, бабичката наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на печката. Кога почнала водата да врие, во првото тенџере ставила моркови, во второто ставила јајца и во третото ставила кафе.

Младата жена и нејзината баба не збореле ништо, само гледале како се вареле. По 20 минути, бабата ја исклучила печката, ги извадила состојките од тенџерињата и ги ставила во садови.

Бабата прашала: „Кажи ми што гледаш?“

„Моркови, јајца и кафе“ – зачудено одговорила внуката.

Потоа бабата рекла: „Допри ги морковите. Потоа земи едно јајце и скрши го. На крај, напиј се од кафето.“

Внуката го направила тоа што и било речено и потоа прашала: „Што сакаш да ми кажеш?“

„Душо моја, секоја од овие состојки се соочи со истата опасност и секоја од нив реагираше различно. Морковот влезе во водата бидувајќи цврст и исправен. Но, откако водата допре до него, тој омекна и стана слаб. Јајцето беше кршливо и на себе имаше само тенка лушпа која ја штити жолчката, но откако седеше во водата, неговата внатрешност се стврдна. Кафето беше сосема различно – наместо да биде променето од водата, зрната кафе ја променија водата.

Која од нив си ти? Кога опасноста ти се појавува на врата, како реагираш? Дали си морков кој изгледа дека е силен, но кога ќе налеташ на болка и опасност стануваш мека и ја губиш својата сила или си како јајцето кое почнува со треперливо срце, но се менува со жештината? Дали имаш флуиден дух, освен во случај на лоши работи како смрт, раскинување или отпуштање, а потоа стануваш тврда и нефлексибилна? Дали изгледаш исто одвнатре, но внатре стануваш огорчена и силна?

Дали си како зрната кафе кои се тие кои всушност ја променија врелата вода, истата околност која ја донесе болката? Кога водата врие, тогаш кафето станува кафе и водата ја зазема бојата на кафето. Ако си како зрното, тогаш кога работите се најлоши, наместо да се предадеш, ти стануваш подобра и посилна и ти си таа која ја менува ситуацијата околу тебе.

Младата жена ја прегрнала својата баба и речила да оди да зборува со својот сопруг. На вратата, баба и ја гушнала и ѝ рекла: Биди кафе, душо. Секогаш обидувај се да бидеш кафе.“