Хороскоп
9. Јануари 2017 - 12:37

Совети за секој од хороскопските знаци кои не се во врска за новата година

Хороскопот носи совети за секој од хороскопските знаци за оваа 2017 година.

Овен: Да не се биде во врска не е крај на светот и затоа не плашете се премногу. Сѐ ќе биде во ред.

Бик: Врските не се единствената работа во вашиот живот кои можат да ви донесат љубов.

Близнаци : Кога постојано барате нешто подобро, го пропуштате тоа што го имате пред себе.

Рак : Тоа што не сте нашле соодветна личност за себе досега, не значи дека не можете да бидете сакани, онака како што заслужувате.

Лав: Уживајте додека не сте во врска со вашите пријатели.

Девица: Во ред е да не знаете што точно сакате. Имате време.

Вага:  Тоа што сите ваши пријатели се во врска или стапуваат во брак, не значи дека е лошо да се биде сингл. Уживајте.

Шкорпија: Не се менувајте поради тоа што сте сами. Сакајте се себеси такви какви што сте, и така ќе ве сакаат и другите.

Стрелец: Не можете да ги форсирате работите, а тоа се однесува и на оние кои не ве сакаат.

Јарец: Врската нема магично да ја отргне осаменоста која ја чувствувате во себе. Најдете свои извори на среќа за да се чувствувате целосни.

Водолија :  Во ред е да признаете дека сте сами или осамени, побарајте поддршка од вашите пријатели за тоа.

Риби : Подобро е да бидете сами отколку со некој што не ве заслужува. Секогаш запаметете го тоа кога се навраќате на старите врски.