Совети за правилно комбинирање на Добриот леб од Специјал

На почетокот на месец септември, Специјал ја лансираше линијата на здрави и вкусни лебови по продукт брендот Добриот леб. Линија која содржи 8 видови на уникатни вкусови на леб, создадени да ги задоволат потребите на потрошувачите кои се во потрага по производи кои со секојдневното консумирање пред се ќе влијаат позитивно на нивното здравје и начинот на нивната исхрана.
Она што ги одвои од останатата понуда на леб на пазарот е фактот дека ова се единствените производи кои во себе не содржат скриени форми на конзерванси и адитиви.

Ние ви откриваме како идеално да ги комбинирате со намирници сите 8 видови на Добриот леб:

Пченкарен леб со куркума најдобро се комбинира со пршута, панцета, кулен, кашкавал и домат.

Медитеранскиот леб кој е збогатен  со босилек, маслинка, маслиново масло, лук одлично би се вклопил во сендвич со топено сирење, квалитетен кашкавал и чаша бело вино.

Прекрасниот Етно леб кој се изработува со традиционални македонски домат и пиперка комбинирајте го со летна манџа,пинџур,разни макала, ајвар.

Лебот  од три брашна одлично оди со чорбести јадења како што се пилешка,телешка чорба,тави, нафора, јајце (варено или кајгана).

Путер лебот е идеален за подготовка на омиленото лебче со кремче, мед и млеко, а пак лебот цимерман мултицереал супер оди со печено месо, магдонос, рузмарин, домати и црно вино.

Лебот со чиа пробајте го со јогурт но и со црни рибизли и јагоди, а лебот со коприва консумирајте го со кисело млеко, биено сирење, павлака и таратор.

Одлика на сите вкусови од Добриот леб е дека се одлични за сендивичи, секојдневна употреба и за коктел забави.

комерцијален текст