Совети за љубовта од нашите пријатели

Што знаат нашите родители за љубовта, кога тие живееја во друго и поинакво време? Додека растевме, мислевме дека нивната главна одговорност е да нѐ чуваат и штитат, а дека тие немаат поим како се чувствуваме и колку денес е комплицирана љубовта. Сепак, тие имаат големо животно искуство и не значи дека нивното срце никогаш не било скршено.

Можеби некогаш треба да застанеме и да слушнеме по некој совет за љубовта од нив.

Никогаш нема да бидете задоволни со тоа што го имате, ако постојано трагате по нешто подобро

Кога сте со одредена личност која сте ја избрале, посветете и се. Не затоа што треба да останете целиот живот со некој кој можеби не ви одговара, туку поради тоа што со изборот на одредена личност давате шанса да ги запознаете и да видите дали ви одговораат. Доколку постојано сте во потрага по нешто подобро, никогаш нема да им дадете шанса на луѓето кои се до вас.

Никогаш нема да бидете целосно сигурни за ништо во љубовта

Секогаш следете го својот внатрешен глас. Тоа понекогаш ќе ве донесе кон грешки, но немојте да мислите дека можете да живеете живот без грешки. Штом почнете да размислувате и да ги проценувате ризиците, тогаш се јавува сомнежот во себеси и многу тешко е да се донесе разумна одлука. Единствено во што можете да бидете сигурни е тоа да бидете присутни целосно во својот живот, без оглед на тоа што се случува. Не плашете се од грешките, бидејќи тие не можат да се избегнат. Наместо тоа, научете да се носите со нив и со себеси и да продолжите понатаму.

Ако сакате некој да знае како се чувствувате, кажете му

Никој не умее да чита мисли. Ниту родителите, ниту пријателите, ниту пак партнерите. Ако некој те сака, таа личност сака да знае како се чувствуваш и треба да бидеш јасен/јасна околу тоа. Многу често, без оглед на исходот, ќе се чувствуваш подобро,  бидејќи ќе го кажеш тоа што долго го чуваш во себе. Родителите се секогаш тука за тебе, а вистинската личност во твојот живот треба да биде способна да те разбере како се чувствуваш.

Најважните разговори се одвиваат во четири очи

Кога разговараш со својата сакана личност за важни работи, треба да бидете сами и да се гледате во очи. Не дозволувајте за вашите важни теми да дискутирате пред други луѓе, или пак да ги дискутирате преку интернет или смс пораки.

Љубовта никогаш не е едноставна

Твоите родители навистина сакаат љубовта за тебе да е едноставна, но не е секогаш така. Нештата се многу често комплицирани. Особено во денешно време, слободата е поголема, стандардите се поинакви, а површните односи се секаде околу нас. Кога ќе се јават чувствата, тие треба да се негуваат и да се вложува во врската, а љубовта сама по себе не е никогаш доволна.