Совети од експерти: Научете како да флертувате

Мажите и жените се согласуваат дека флертувањето и не е толку лесно како што се тврди. Некои велат дека станува збор за вродена особина, меѓутоа, што да прават оние што не ја поседуваат? Како да станат „флертаџии“ и на тој начин да го збогатат љубовниот живот?

Држење на тело

Стоете во преполна сала со луѓе и вежбајте го држењето на телото. Дури и ако немате симетрично лице, со држење на телото исто така можете да привлечете внимание.

Треба да стоите исправено кога зборувате со личноста која ви се допаѓа, на тој начин ќе зрачите со повеќе самодоверба.

Додека мажите и жените се добри во контролирање на своите изрази на лицето, тие генерално се помалку свесни за она што остатокот од нивното тело го прави.

Кога флертувате, обидете се да го испратите вистинскиот сигнал со вашето држење на телото.

Задржете дистанца

Растојанието кое го држите од другата личност кога флертувате е важна, бидејќи влијае на нивниот впечаток кои го имаат за вас и вашата целокупна интеракција.

Кога луѓето се запознаваат за првпат тие обично остануваат на т.н. „социјална дистанца“, која генерално се мери со испружена рака.

Според едно истражување, кога мажите се во врска тие се држат на „сигурна“ социјална дистанца кога запознаваат привлечна жена.

Бидете искрени

Искреноста е најдобра политика која важи и за флертување.

Контакт со очи

Директен контакт со очи е една од најважните техники во флертувањето. Контактот со очите е универзален метод за пренесување на романтичен интерес. Ако некој ви се допаѓа, не го вртите погледот.

Нежен допир

Овде се работи за физичко флертување и треба да се направи на многу суптилен начин. Ракувањето се смета за пријателски допир, додека допир околу рамото, половината или подлактицата може да биде речиси директен пристап.

Овие пет техники на флертување нема да ви ја зголемат атрактивноста, но можат да ви помогнат да изгледате полни со самодоверба пред другите.