Совети кои посакувам некој да ми ги дадеше кога бев помлада

Времето не ги лечи раните. Времето прави да заборавиш некои работи и избледува некои спомени. Но, ти ќе мораш самата да се излечиш, тоа е во твоите раце и никој не може да го направи тоа наместо мене.

Не си ги троши сите твои „Те сакам“. Колку почесто се расфрлаш со таа фраза и ја кажуваш дури и на обични симпатии, толку помалку ќе значи кога навистина ќе се заљубиш.

Направи си листа со работи кои сакаш да ги направиш во животот. Не мора да е комплицирана листа. Листата може да биде составена и од  едноставни работи како почнување ново хоби, приготвување некое интересно јадење и слично.

Секогаш држи го своето ниво. Ако работиш со непристојни луѓе или ако некој те повредил, не паѓај на нивно ниво. Сѐ се враќа, сѐ се плаќа. Верувај ми.

Понуди ја својата помош. Луѓето ценат кога некој искрено ќе им подаде рака и ќе сака да им помогне за нешто, макар било тоа и ситница.

Не биди толку строга кон себе. Па што ако не си добила 10ка на факултет? Си се посрамотила пред група луѓе? Да си жива и здрава. Ти си само човек.

Читај повеќе.

Имај отворен ум.

Прифати ги своите маани.

Инвестирај во себе. Закажи си масажа, купи си нова облека и нови книги. Ситниците не ги забележуваме секогаш, но навистина значат во животот.