Ако во својот регион очекувате ниски температури, подгответе се на време. За време на викендов во Македонија се очекува температури до -20 степени, како и студен бран од Сибир.
Еве што треба да направите за да се заштитите:
- Облечете се слоевито
- Заштитете ја главата и екстремитетите
- Обидете се да дишете што е можно поопуштено ако сте надвор на ниски температури
- Носете чизми со гумен ѓон
- Спречете смрзнување на цевките – Ако живеете во куќа и стравувате дека цевките може да ви замрзнат оставете ја водата малку да тече преку ноќта, така потешко може да замрзне
- Во случај да снема струја – Обезбедете свеќи, запалки, батериски лампи кои ќе ви бидат на лесно дофатно место доколку ви бидат потребни
- Подгответе сол или песок за снегот – ако ви снема сол можете да ја искористите солта која се употребува за машина за садови