Совети како да се заштитите од крадци на улица

Уличните крадци низ главниот град се шетаат слободно и едвај чекаат добра жртва. Најчесто се крадат женски ташни и паричници ставени во задниот џеб.

Сведоци сме дека барем еднаш во денот ќе има по еден ваков настан.

Понекогаш крадците не можете да ги избегнете, бидејќи тоа на нив им е секојдневие и се веќе испраксирани но, ви препорачуваме неколку совети како да се заштитите од нив.

Се советуваат граѓаните со себе да носат само потребната сума пари и кредитните картички и да бидат носени одвоено во внатрешните џебови.

Торбата да биде носена со отворот кон телото, да биде до себе на видно место и да се држи затворена.

 Додека се наоѓате во некој гужва да обрнете внимание на вредните предмети.