Совети како да се ослободите од негативната енергија во домот

Под итно набавете саксиско цвеќе во собата за дневен престој

Светлите зелени листови буквално внесуваат живот во вашиот дом. Истражувањата покажуваат дека домашните растенија го прочистуваат воздухот во собата каде што се наоѓаат, кој може да биде за пет пати позагаден од надворешниот воздух. Освен тоа, набљудувајќи некое цвеќе може да ви го намали нивото на стрес.

Ослободете се од телевизорот во вашата спална соба ако сакате мир

Зјапањето во флуоресцентниот екран на ТВ пред да заспиете може да биде причина поради која не можете така лесно да  заспиете. Плус, една студија откри дека двојките кои имаат ТВ во својата спална соба имаат многу помалку секс од двојките кои немаат ТВ.

Не го претрупувајте ходникот со се и сешто

Полица со закачалки и полици за чевли во ходникот, звучи паметно, но фенг-шуи експертите советуваат дека вашиот ходник треба да биде што е можно почист. Треба да се отвори вратата без да удрите нешто, а и тоа е првата глетка кога влегувате дома.

Не купувајте ги сите предмети во јаки бои

Кога избирате перници, покривки и ѕидни тапети не мора да бидат во јаки и силни бои. Обидете се да измешате различни дизајни и бои и дадете и текстура на собата. Советувајте се со некој дизајнер за ентериер или едноставно пребарајте идеи на интернет.