Совети како да избегнете настинка

Покрај тоа што есента и зимата имаат своја магична убавина, со нив доаѓаат ладните денови и зголемениот ризик од настинка. Има различни начини како да избегнете настинки и вируси, а доколку ги следите овие совети, ризикот од настинка ќе биде минимален.

1. Конзумирајте јогурт за доручек

Истражувањата покажале дека оние кои конзумираат јогурт или кефир, го намалуваат ризикот од инфекции на дишниот систем за цели 12%.

2. Проветрувајте

Иако не сакаме да отвораме прозорци заради тоа што е ладно или заради тоа што се плашиме од промаја, сепак препорачливо е да ги проветрувате просториите, бидејќи со циркулација на воздухот можете да ги избегнете бактериите кои полесно можете да ги закачите во непроветреана просторија.

3. Јадете печурки

Новите истражувања покажаа дека освен тоа што се вкусни, печурките се доста корисни за зацврстување на имунитетот. Според истражувањето, луѓето што јаделе по една печурка на ден имале повисок имунитет од тие кои не јаделе печурки.

4. Престанете да си го допирате лицето

Колку повеќе си го допирате лицето, толку повеќе ги зголемувате шансите да фатите настинка. Преку допирањето на лицето лесно можете да ги префрлите бактериите и да фатите настинка. Иако повеќето од нас ја имаат таа лоша навика да си го допираат лицето, сепак трудете се тоа да биде на минимум.

5. Правете гаргара со млака солена вода

Солта помага да се убијат патогените. Затоа земете пола лажичка сол, ставете ја во една шоља со млака вода и направете гаргара. На тој начин ќе бидете многу позаштитени и поотпорни на настинката.

6. Јадете многу мед

Медот многу помага за омекнување на гласните жици, но и за заштита на грлото од бактерии. Медот е сладок и вкусен, а особено здрав, така што конзумирајте го во што поголеми количини.