Мотоциклистите спаѓаат во групата на учесници во сообраќајот кои најмногу се изложени на опасности во сообраќајот и кај кои што ризикот за здобивање на смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок. Во 2016 година, од 165 загинати лица во сообраќајни незгоди, 13 се мотоциклисти а 2 лица се патници на мотоцикл.
Ако се земе во предвид делот од сообраќајот кој им припаѓа на мотоциклистите тогаш можеме да заклучиме дека учеството на мотоциклистите во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди е несразмерно висок во однос на тоа во колкав дел од сообраќајот тие учествуваат.
Законските прописи во Република Македонија ја предвидуваат обврската за задолжително користење на заштитна шлем ( кацига), како за возачот така и за сопатникот и непочитувањето на оваа одредба предвидува санкција од 50 евра во денарска противвредност.
Секој кој се превезува на мотор треба да знае дека користењето на заштитна кацига го намалува ризикот од здобивање на смртоносни повреди на главата и во исто време штити од ветар, прашина, дожд односно овозможува мотоциклистот безбедно да управува со возилото.
Користењето на останатата заштитна опрема како што се заштитна јакна, заштитна облека, заштитно елече, и други додатоци (чизми, наочари, кожни панталони, ракавици, итн. ) се исклучително важни за безбедноста на мотоциклистите и лицата кои се превезуваат на мотоцикл, но нивното користење не е задолжително со Законот за безбедност на патниот сообраќај односно користењето на оваа заштитна опрема е препуштено на свеста и одговорноста на мотоциклистите и за жал истата многу често не се користи. Токму затоа РСБСП апелира до мотоциклистите, секогаш:
Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, секој возач на мотоцикл треба да ги знае и следниве правила:
РСБСП исто така потсетува дека во овој период од годината особено важно е одржувањето на мотоциклот. За почетокот на пролетната сезона секој мотоциклист треба да ги направи следниве основни проверки на мотоциклот :
РСБСП на почетокот на сезоната за мотоциклисти апелира до мотоциклистите да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема за пасивна безбедност. Исто така апелираме и до другите учесници во сообраќајот да внимаваат на мотоциклистите и да ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот. Посебно апелираме до родителите да не подлегнуваат под притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат „ опасни играчки“ без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот.