Совет за следната личност која ќе се обиде да ме сака

На почеток, воопшто нема да ме познаваш.

 Нема да знаеш зошто се стегам кога кога ќе се обидеш да ме прегрнеш.

Нема да разбереш зошто ја менувам песната кога ќе ја слушнам на радио или зошто не можам да поднесам да ги гледам американските колачиња. Нема да го забележиш изразот на моето лице кога ќе ме прашаш за плишаното мече во мојата соба.

Кога ќе се обидеш да ме однесеш во тоа кафуле, нема да знаеш зошто сакам да одам секаде освен таму.

Никогаш нема да ме слушнеш да зборувам за моето минато или да сфатиш зошто ја менувам темата секогаш кога ќе прашаш за тоа. Нема да забележиш дека под мојата насмевка, јас се уште сум повредена.

И јас нема да те познавам тебе.

Нема да знам дали повторно ќе се обидеш да ме прегрнеш или ќе се откажеш од тоа.

Нема да знам која песна ќе свири на радио првиот пат кога ќе се обидеш да ме бакнеш, или првиот пат кога ќе ми кажеш дека ме сакаш.

Нема да знам како да ти кажам дека не можам да се ослободам од тоа плишано мече во мојата соба кое ми носи милион спомени. Не знам во кој ресторан ќе ме однесеш кога ќе сакаш да зборуваш за своето минато. Не знам дали ќе ја почитуваш мојата тишина, или ќе сакаш да ја чуеш вистината.

Можеби ќе се откажеш бидејќи ќе се чувствуваш како да е сето ова премногу. Ако го направиш тоа, нема да те обвинувам. Ќе те замолам да останеш и да се обидеш да ја запознаеш девојката која еднаш беше повредена. Ќе ти кажам да почекаш, уште само малку додека не почнам да ти верувам. 

Можеби ќе ме запознаеш подобро од било кој друг. Можеби ќе ме фатиш за рака и ќе ми кажеш дека нема да одиш никаде. Можеби ќе ги поставиш вистинските прашања и ќе ми го дадеш просторот кој ми е потребен.