Сакам да знаеш дека ќе дојдат моменти кога животот нема да изгледа воопшто совршен, кога сите нешта ќе изгледаат како да се рушат над тебе и дека нема да можеш да веруваш никому. Ќе искусиш болка која е сурова и со која ќе ти изгледа како да не можеш да се справиш.

Ќе дојдат моменти кога животот ќе се обиде да те скрши. Но, тоа не е секогаш толку негативно нешто. Треба да знаеш дека животот не е секогаш розов и исполнет со убави нешта, туку и со нешта кои ни создаваат голема болка. Но, болката во твоето срце не е постојана. Таа е тука за да те научи да се радуваш и да ги цениш убавите нешта и да ти даде сила во животот.

Те молам, знај дека тешките денови не траат засекогаш. Тие носат болка, искушенија и немир, многу непроспиени ноќи, но тие исто така ни покажуваат и кому можеме да веруваме и кои се нашите вистински пријатели. Без овие тешки денови, никогаш не би можеле на кого можеме да сметаме и кои луѓе се нашите ангели чувари.

Не дозволувај тоа да те скрши. Не дозволувај овие моменти да те направат горчлива, полна со бес. Не дозволувај да ја изгубиш својата добрина и љубезност. Не престанувај да сакаш и да веруваш во љубовта. Не престанувај да се надеваш. Не е лесно да сакаш, да простиш и воопшто не е лесно да живееш. Но, тоа е и убавината на животот.

Како би знаеле да ги цениме сончевите денови, без да го запознаеме дождот?

Чувствувај ги сите нешта кои ги чувствуваш. Дозволи да се исплачеш на сите тажни песни и филмови, да го пребродиш своето скршено срце и да ги надминеш сите разочарувања од луѓето на кои без потреба ќе им веруваш. Научи дека животот е филтер во кој ќе запознаеш милион луѓе, но тој до тебе ќе ги остави само најдобрите.

Потсети се на своите убави денови, потсети се на нештата кои те прават среќна, на луѓето кои не ти дозволуваат да останеш тажна и кои би дале сѐ. Тие веруваат во тебе и тие ќе ја градат твојата среќа заедно со тебе.

Биди трпелива со своето срце. Биди трпелива со себе. Биди трпелива со животот.