Состојба на патиштата: Важна вест за сите кои планираат денес да патуваат

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот пак на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат утрово од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На граничните премини од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.