Состојба на патиштата: Интензитетот на сообраќај зголемен, внимателно зад воланот

Сообраќајот во Македонија се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.