Сопствениците на станови: Поисплатливо ми е становите да ги издавам за едно ноќевање отколку за цел месец

Прелистувајќи ги страните за огласување две работи ми паднаа во очи, се повеќе станови се изнајмуваат за краток престој и постои само една агенција која не зема провизија од тој што го изнајмува станот. На веб сајтовите за огласување ќе наидете на безброј огласи: краток престој за вашите бизнис партнери, луксузен апартман за краток престој, а интересно е тоа што се повеќе сопственици се решаваат на варијантата краток престој отколку на месечно рентање на станот.

Ние разговаравме со еден од сопствениците на станови за краток престој, а од разговорот со него заклучивме дека ваквата варијанта повеќе им одговара и не им се случуваат проблеми какви што имале во минатото со станарите, неплатени сметки за комуналии и доцнење на месечната кирија. Гоце поседува два стана во центарот на Скопје и веќе трета година како ги рента становите за дневен престој.

-Трета година како почнав становите да ги рентам за краток престој, а тоа го направив на убедување на мој пријател од Белград. Во разговор со него му кажував како постојано имам проблем со кираџиите, со заостанати сметки, задоцнето плаќање на киријата, уништување на ентериерот во станот и слични проблеми. Тогаш тој ме посоветува да престанам со месечното рентање, туку дека најдобра и најисплатлива опција е дневно рентање на станот, објаснува Гоце.

Тој понатаму објаснува дека бил скептик, но решил да се обиде.

-Бев скептичен дека тоа може да функционира, а сега се каам што не почнав да го издавам на за ноќевање станот многу порано. Имам голем број на туристи од странство, се огласувам и на airbnb на кој се наоѓаат огласи од сите дестинации во светот. Станот го издавам за 25 евра дневно, но ако гостинот отседне повеќе денови, тогаш секако добива попуст. Во добивка сум и поисплатливо ми е да го издавам за ноќевање отколку за цел месец. Сега  станот не ми е уништен, навремено ми се платени сите сметки, однапред довивам пари за престојот и ги избегнувам сите проблеми со кои се соочував претходно, истакна Гоце.

Агенциите сакаат да ќарат и од огласувачот и од оној што сака да го изнајми станот

Веројатно е некој тренд или некој договор помеѓу агенциите, трошоците за агенциската провизија да ги делат помеѓу оној што го изнајмува станот и оној што го закупува. Засега само една агенција која работи без агенциска провизија за тој што го зема под наем станот, додека пак сите останати агенции работат на принципот, едно кратно двете страни да и платат на агенцијата за провизија..

Маја која што е во потрга со својот партнер за стан под наем, објаснува дека е логично тој што ја најмил агенцијата да му го рента станот тој да ги плати трошоците, но веројатно заради големата конкуренција помеѓу агенциите, тие одлучиле сите трошоци еднократно во висина од месечната кирија  да ги сносат и двете страни.

-Навистина не е логино јас да ја плаќам агенциската провизија преку која го имам најдено станот. Најпрво јас ја контактирам агенцијата за станот кој го имам најдено на интернет огласите, ниту тие ме бараат, ниту ги имам ангажирано да ми бараат стан. Забележав дека постои само една агенција која не зема провизија од оној што го изнајмува станот и секако само со таа агенција соработувам, бидејќи сметам и тврдам дека не е моја обврска да одвојам еднократно повеќе од 100 евра за да ја исплатам агенцијата во која стан огласува некој друг, револтирано објаснува Маја.

cheap nike free run 5.0