Соообраќајка пред Собранието, повредено едно лице

Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи претпладне на крстосницата на ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ кај зградата на Собранието, што предизвика времен застој во центарот на главниот град.

Од МВР за МИА изјавија дека во 10,15 часот претпладне дошло до судир помеѓу товарно моторно возило „ситроен јампер“ и патничко возило „опел“, двете со скопски регистерски ознаки. Со телесни повреди се здобил возачот на „опелот“ кому му е укажана помош во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.