Сообраќајот се одвива во зимски услови, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за планинскиот превој Ѓавато се укинува во 12.35 часот.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово- Дебар.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.