Сообраќајот без забрани по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.  

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премининема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.