Сообраќајна несреќа: Прегазен пешак во Скопје

Вчерa во 15,00 часот во Скопје на ул.„Тодор Чангов“, се случила сообраќајна незгода.

Во неа  Г.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, управувајќи ПМВ„Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.С.(30) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешка телесна повреда - фрактура на лева потколеница и лев скочен зглоб, по што е пренесен и задржан на лекување во ГОБ„Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

фото: архива