Сообраќајна несреќа на булеварот „Јане Сандански“ (фото)

Сообраќајна несреќа вечерва се случи во скопски Аеродром, поточно на булеварот Јане Сандански.

Во сообраќајката учествуваа автомобили марка „Пежо“ и „Пасат“.

Засега нема информации дали има повредени лица и колкава е материјалната штета.