Утрово се случила сообраќајна незгода во Волково.

Во 10 часот и 08 минути во селото Волково – Скопје, се случила сообраќајна незгода во која 43-годишниот Б.Л. од Волково управувајќи мотоцикл марка „Кимко“, паднал на коловозот, а потоа удрил во непознато возило, при што се здобил со тешки телесни повреди и тоа скршеница на десна рака.

На истиот му е укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид е извршен од екипа на СВР Скопје.