Сообраќајка во Карпош, две лица повредени

Вчера во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило„Виктори Џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.