Сообраќајка во Чаир, повредени две лица

На 14.03.2019 година во 11:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Џон Кенеди“ и улицата „Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес актрос“ со скопски регистарски таблици управувано од И.К.(44) од с.Петровец-скопско и патничко моторно возило „Пежо 307“ со скопски регистерски таблици управувано од У.С.(36) од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот У.С., а сопатничката од истото возило Ш.Ј.(33) од Кичево се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.