Сообраќајка направи застој на сообраќајот во скопската населба Хром (ФОТО)

Сообраќајна несреќа се случи поплладнево во скопската населба Хром. Сударот кој помина со помала штета и без повреди направи мал застој во сообраќајот во овој дел од Скопје.

Оваа крстосница е една од понебезбедните во овој дел од градот. Изминатиот период на истото место се случија неколку сообраќајни незгоди.

Според очевидци причина за сообраќајната несреќа е непочитување на сообраќајната сигнализација од страна на еден од учесниците во сообраќајот. МВР најави повеќе детали утре во текот на денот.