Сообраќајка меѓу двајца велосипедисти во Скопје, едниот тешко повреден

МВР информира дека вчера во 9 часот на бул„.Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од К.Т.(47) од Скопје и велосипед управуван од М.В.(55) од Скопје.

-По незгодата, К.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.