Сообраќаен режим на крстосницата „Tрета македонска бригада“ – „Никола Карев“

Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре, сабота во периодот од 10 до 15 часот ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање на крстосницата на булеварот Трета македонска бригада со улицата Никола Карев, поради што на оваа крстосница ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.