Сонот за полуфинале заврши: Чесите не „спуштија“ за три минути

Македонија загуби од Чешка со 24-25 и ги прокоцка сите шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска.

Болката е поголема затоа што водевме и со пет разлика на неполни 20 минути до крајот, но сѐ урнавме и го загубивме мечот во финишот.

Не помогна дури ни пеналот на Дејан Манасков по истекот на 60. минута, кој ни го доделија со прегледување на видео-снимката, откако претходно левото крило на Македонија постигна гол по последниот звик на сирената.

Утре од 18.15 часот играме против Данска.