Сончево време, температура до 34 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 28 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.