Сончево и топло време со високи температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 13, а максималната од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура од 10 до 27 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.