Сонцето привлекува - ова се најубавите македонски плажи, кои се вистинско место за одмор и рекреација

За да ги откриете најубавите плажи на трите езерски крајбрежја, треба да поминете точно 800 км.

Секоја од плажите има своја убавина и специфика по која се разликува од другите и ја чини посебна. Она што им е заедничко е што трите наши езера се наоѓаат во прегратките на околните планини. Тој спој е гаранција за убав и релаксиран одмор.

АЛЕКС БИЧ И ГРАДСКА ПЛАЖА ВО ДОЈРАН

Алекс бич и Градската плажа се најубавите и најсредените плажи на Дојранското езеро. Првата се наоѓа на влезот на Дојран и има сместувачки капацитет од 300 до 500 гости. Цените воопшто не се високи.

КУБА ЛИБРЕ ВО ОХРИД, ЗАБАВА И УЖИВАЊЕ

Убави и удобни лежалки, чиста плажа, средено кафуле, убав поглед кон градот. Куба Либре е една од најатрактивни места на Охридското езеро. Освен услови за добро капење и сончање, се случуваат и ноќни забави. Добро е што концесионерите, од депонија местото го претворија во средено дел од крајбрежјето.

ПЛАЖА ОРЕВЧЕ, ЗАЈДИСОНЦЕ НА ДЛАНКА

Место под гранките на еден орев со дебела сенка. Се наоѓа пред Градиште и е вистинска плажа за уживање, бидејќи е скриена од светот па и од охриѓани.Има и таверна која нуди одлична храна. Се случуваат журки.До неа се стигнува со кајче, иако и спуштањето по копнениот пат е возбудливо. Освен што е супер средена, на Оревче го има и најубавото зајдисонце. Плажата не е голема, но е вистинско место за хедонисти.Местото има некоја позитивна енергија која го подобрува расположението.

ДОЛНО ДУПЕНИ БИЧ-ПРЕСПА, ПЛАЖА НА ВЉУБЕНИТЕ

Долно дупени бич и официјално е прогласена за најубава плажа на Преспанското езеро. И со право. Ситен песок, дрвца, сламени чадорчиња, дрвени маси и столчиња, терен за одбојка.Гостите можат да се сместат во приватни куќи, а има и мал хотел. Оваа плажа поради нејзиното име ја нарекуваат и плажа на вљубените.Од таму може да се посети и островот на змиите од каде се стигнува за час и половина.

ГОЛДЕН БИЧ, СКОПСКА ШЕМА ВО ОХРИД

Плажата Парк во Охрид има ново име Голден бич. Таа е вистинско место за уживање, за одмор и за дружење.