Сонцето е најдобра терапија за нашето расположение

Само неколку минути поминати под сончевите зраци имаат доволно моќ да го подобрат нашето расположение и да направат веднаш да се чувствуваме подобро.

Сонцето влијае на регулирање на хормоналните функции на мозокот кои управуваат со расположението и состојбата на духот. Освен тоа, сонцето не полни со енергија бидејќи го блокира создавањето на мелатонинот, супстанца која во нашиот организам предизвикува поспаност и апатија.

Поради многу причини, сонцето се смета за една од најдобрите терапии за подобрување на расположението. Освен тоа, докажано е и дека поголема количина на сончеви зраци придонесува за олеснување на тегобите и нервозата која ја чувствуваме. Затоа, доколку се чувствувате нервозно, лошо или под стрес, излезете на сонце.

Сепак, имајте предвид дека сончевите зраци се особено силни во текот на летните месеци, така што се препорачува „здраво сончање“ до 10:00 часот наутро и по 16:00 часот.