Сонце и високи температури - временска прогноза до крај на месец јуни

Времето целосно се смени, по пеколот невреме и пад на температурите.

Вчера имаше невреме низ Македонија, исто како и викендот. До 20 часот најмногу дожд наврна во Маврово, Крива Паланка, Демир Капија и Прилеп (25 l /м2 воден талог). Многу дожд наврна и во Маврово, 8 во Крива Паланка, 13 во Д. Капија, 9 Прилеп, 8 во Скопје- Петровец, 6 Ѓуриште, 4 Скопје на Зајчев Рид, 2 Берово и 1 литар во Струмица.

Најкритично беше во Куманово. Надлежните ги повикаа граѓаните да ги пријавуваат штетите предизвикани од дождот на дежурниот телефон на 195, а веќе денеска со почеток во 10 часот состанок ќе одржи Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој ќе бидат донесат заклучоци за понатамошните активности што ќе се преземат по настанатата ситуација.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме сопообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Ова е временската за цел месец: