Солта ја брка депресијата и не прави среќни

Изгледа дека најпосле е утврдено зошто толку сакаме да јадеме солено!

Научниците со истражувања на лабараториски стаорци откриле дека стаорците на кои во исхраната им недостасува натриум хлорид т.е кујнска сол не уживаат во активности кои претходно ги правеле весели.

Авторите на студијата, сеуште, не можат со сигурност да потврдат дека така се развива депресија, но се сигурни дека доаѓа до губење на задоволство во активностите.

Од сето наведено заклучиле дека солта на некој начин е природен антидепресив за луѓето. Таа идеја, би можела да објасни зошто луѓето се склони да внесуваат голема количина на сол иако таа допринесува за развој на висок крвен притисок, болести на срцето и други болести.