Соларните ќерамиди ќе почнат да се продаваат од 1-ви април

Реномираната технолошка компанија Tesla Motors на 1 април ќе започне со доставата на соларни покриви за домаќинства. Точната цена на покривите е се’ уште непозната, а за неа, како што јавуваат од компанијата, ќе дознаеме откако ќе се исплатат првите депозити за соларните покриви.

Соларните покриви се релативно нова иновација, а станува збор за стакло со фина текстура коешто покрај основната функција на кров, обезбедува и генерирање на соларна енергија. Од компанијата најавуваат дека првите инсталации ќе бидат направени во текот на оваа година. 

Покривите ги изработуваат 2 компании. Едната е Tesla Motors која што е задолжена за инсталацијата, а другата е Panasonic Corporation чија што задача е изградба на покривите. 

Како што напишавме, сопственикот на компанијата Tesla Motors најави дека овие покриви ќе чинат многу помалку од цената на стандардните покриви кои се изградени од ќерамиди. 

Веднаш откако протече веста дека компанијата ќе изработува вакви ќерамиди, почнаа да се редат нарачки така што денес има огромна листа на купувачи на листата на чекање.