Согорувајте калории со помош на пешачење

Регуларните кардиоваскуларни вежби го намалуваат ризикот од вообичаените заболувања и разни студии покажуваат дека 30-минутно пешачење 5 дена во неделата помага за подолг живот и болести како оние на срцето, високиот крвен притисок или тип 2 дијабетес.

Еве кои мали нагодувања може да ги направите во вашата рутина за да го подобрите согорувањето на калориите за време на пешачењето.

1) Варирајте ја брзината

Варирањето на брзината на пешачењето значително ја зголемува потрошувачката на енергија, т.е бројот на калориите кои ги согорувате. Тоа најдобро се постигнува со започнување на пешачењето со помала брзина, па одреден дел од патот таа треба значително да се зголеми (во краток период), па повторно да се вратите на некоја средна брзина.

Во 30 минутно пешачење, би требало да имате околу 3-5 сегменти со побрзо одење.

2) Носете тегови на рацете

Носење на тежини од половина до 1 килограм на рацете го зголемува отчукувањето на срцето за 5-10 отчукувања во минута, заедно со зголемувања на потрошувачката на кислород и расходите на калории за 5-15%. За ова е најдобро да се користат обични тегови или специјални тегови во вид на алки кои се ставаат околу зглобовите.

3) Качувајте се по нагорнини

Пешачењето по нагорнини бара поголема енергија отколку она на рамни површини или на спуст. Тука може да се користи истата стратегија како и кај варирањето на брзината (доколку пешачите на подвижна лента, на пример) – со пешачење на нагорнини краток временски интервал, додека телото не се адаптира.

4) Користете ги рацете

Студии покажале дека пешачење со помош на пешачки стапови ја зголемува потрошувачката на енергија за 67%, во споредба со „обичното“ пешачење. Со нивно користење, се активира горниот дел на телото, што обичното пешачење го претвора во вежба за целото тело. За ова може да се користат и пар скијачки стапови.