Согорете 1.000 калории на ден: Најпопуларната диета во Холивуд

Ефикаснота на оваа диета се базира на интензивното согорување на маснотии, што во бројки изразено значи 5 кг за 12 дена. Успехот се темели на магичните компоненти кои ги содржи грејпфрутот, кои во комбинација со протеини го активираат процесот на топење маснотии и намалување на килограмите. Дозволена е само протеинска храна и зелен зеленчук. Треба да пиете и многу вода.

Наутро се консумираат две варени јајца и 250 мл сок од грејпфрут, на што може да се додаде и мало парче сланина. Останатите оброци во денот ги режирате вие сами, а изборот е варено пилешко, телешко, печена риба, јајца и секако зелена салата. Истата количина сок се пие и навечер пред легнување. Диетата предвидува согорување на околу 1.000 калории дневно и затоа загубата на килограми е неизбежна. Забранета е употреба на јаглехидрати.