Собирање на кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, наскоро ќе почне акција за собирање кабаст отпад со однапред утврдени термини и локации.

Првата таква акција ќе се одржи на 26 и 27 февруари, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07:00 до 11:00 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови доколку живеат во куќа или пред зграда доколку живеат во колективни станбени домаќинства.

При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче.

Акцијата на 27 февруари, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.