Со уште едно извинување до јавноста, Тамара ги откажува престојните концерти

По бурните коментари од јавноста за прескокнувањето на строфата во која се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, познатата пејачка и овогодинешна претставничка на нашата држава на Евровизија, Тамара Тодевска, објави емотивен статус со кој ја известува јавноста дека ги откажува престојните концерти во Прилеп и Охрид.

На настанот организиран од Американската амбасада во Скопје за прославата на 4-ти јули, Денот на американската независност на Тамара и припадна честа да ја изведе химната на Македонија. Тамара посочува дека нејзиниот живот, но и на нејзиното семејство се претворени во пекол изминатите денови. Од тие причини, таа ги откажува закажаните концерти.