Со тупаница го удрил возачот на автобус на ЈСП

Вчера попладне, на последната автобуска постојка, бил нападнат возач во ЈСП.

Во 14.30 часот во ЕИК Скопје, возач во ЈСП Скопје пријавил дека на ул.„Козле“, на последната автобуска постојка, непознато машко лице со тупаница го удрило во пределот на главата и му се заканувало со нож, по што со автомобил сеат. со скопски регистарски ознаки побегнало од местото.

За кратко време, велат од полицијата, лицето било пронајдено и утврдено е дека се работи за С.А. (34) од с.Крушопек, и истиот бил приведен во полициска станица. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување  на случајот.