Со текот на годините почнуваш да живееш за моментите кои не можеш да ги опишеш со зборови

Со текот на годините твојот поглед на светот сѐ повеќе се прочистува.

Тензичните излегувања на популарни места повеќе не ти се важни и воопшто не се грижиш за тоа кого ќе видиш таму или кој ќе те види тебе.

Доволна е твојата куќа, поглед на зајдисонце и личноста со која ќе ги разменуваш мислите.

Потребна ти е една драга личност која ќе те разбира во тоа светло и која ти ќе ја разбираш без многу зборови во тишината и без многу гестови.

Со текот на годините сфаќаш дека немаш многу време за луѓе на кои не им значиш ништо, па веднаш се оддалечуваш од луѓе кои не те почитуваат, кои те искористуваат и игнорираат.

Сфаќаш дека е добро да имаш многу пари, но поважно е да имаш мир и чиста совест, па повеќе не се оптоваруваш за тоа од каде би можеш да заработиш уште повеќе.

Почнуваш да уживаш во оние мали работи во кои секогаш си можел да уживаш, но не си знаел како, не си бил способен.

Со текот на годините почнуваш да живееш за моментите кои не можеш да ги опишеш со зборови. Повеќе не ти значи како ќе изгледаш, што ќе облечеш, како ќе те гледаат другите, а најважно е тоа како се чувствуваш.

Го ослободуваш срцето од негативни мисли, не си злопамтило и не очекуваш премногу од луѓето.

Сакаш да имаш доволно за живот, сѐ над тоа е екстра.

Сфаќаш дека среќата навистина се наоѓа во ситниците.

Со текот на годините, животот станува поедноставен, повеќе не комплицираш и ги замолуваш комплицираните луѓе да те одминуваат.

Со текот на годините сфаќаш дека секој момент е драгоцен и не оставаш ништо на случајноста, туку одлучуваш да го минуваш секој момент правејќи го она што те исполнува и што те прави среќен човек.

Не се грижиш за тоа што ќе кажат и како те гледаат луѓето.

Сега уживаш во сознанието дека твојот живот е само твој и дека ти си тој кој ги одредува правилата.

nike air max 1 sale