Со секира и со нож се обиделе да украдат пари од казино

Вчера лицето Д.А., вработен како обезбедување, пријавил дека околу 2.50 часот на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје, две непознати лица се обиделе да извшат разбојништво во казино.

- Маскираните сторители со закана со нож и секира од вработените барале пари, но биле спречени од обезбедувањето, по што со патничко возило побегнале во непознат правец - велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.