Со победа и голема поддршка од навивачите, Вардар на чекор до Ф4

Во драматичен меч и со огромна поддршка од своите домашни навивачи, Вардар успеа да дојде до победа против унгарскиот Пик Сегед и до место во најмоќната ракометна четворка. 

Со ваквата победа, играчите на Вардар покажаа дека се посилни од сите проблеми кои им престојат по одлуката на Самсоненко да го напушти клубот. Навивачите скандираа гласно во преполната сала како огромен последен поздрав со нивните херои. Иако сите играчи се вложија подеднакво во играта на терен, сепак Игор Карачиќ беше тој кој постигна извонреден погодок во најважниот момент. 

Реваншот од овој натпревар е на 5 мај.