Со пиштол ограбил вработен во скопска фирма и со себе го однел целиот промет

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Б.В. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Б.В. на ул. „Бoсна и Херцеговина“ во Скопје вперил пиштол кон товарно возило фолксваген кеди, сопственост на приватна фирма.

Возачот застанал со возилото, по што пријавениот влегол внатре и со закана со  пиштолот од возачот  одзел 300.000 денари од дневниот дневен промет на фирмата и мобилен телефон, соопшти МВР.