Со операта „Травијата“ќе бидат отворени годинашните јубилејни 45 „Мајски оперски вечери“

Со премиерата на операта „Травијата“ од Џузепе Верди во режија на Верена Штојбер од Германија, на 9 мај во Салонот на Македонската опера и балет традиционално ќе бидат отворени годинашните јубилејни 45 „Мајски оперски вечери“.

Диригент е реномираниот гостин од Италија, маестро Џанлука Мартиненги, сценографијата и костимите се на Софија Шнајдер од Германија, додека кореографијата е на Саша Евтимова.

Настапуваат: Ана Дурловски - Виолета Валери, Дарко Нешовски - Алфред Жермон, Борис Трајанов, Марјан Јованоски - Жорж Жермон, Николина Јаневска - Флора, Александра Лазаровска-Василевски - Анина, Владимир Саздовски - Барон Дуфол, Драган Ампов - Маркиз Д’Обињи, Никола Стојчески - Гастон, Борко Биџовски - Др. Гренвил, Игор Гиновски - Џузепе, Ернес Ибраимовски – комесарио, како и оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Операта „Травијата“ репризно ќе биде одиграна на 11 мај (четврток), со почеток во 20 часот.