Со ноќно снимање со дрон откриен пожар кај Вардариште

Инспекторатот на Град Скопје изврши ноќно снимање со дрон во Вардариште - Гази Баба забележани се два огнови со запален секаков вид материјал.

На лице место не е најден сторител повикана е Пожарна Скопје.

- Ноќните снимања со дрон ќе бидат почести во периодот што следи. Исто така ќе биде активирана и термалната камера - информираат од Инспекторатот на Град Скопје.